Утрински Весник
Македонија

Лефков: Пендаровски наместо претседател беше курир на Заев и Ковачевски, со „љубави” кон Бојко стасавме до вето за ЕУ

Mile Lefkov 1.jpg

На денешната прес конференција ќе покажеме зошто на Македонија не смеат да и се повторат ниту Стево Пендаровски, ниту СДС. Изминативе 7 години со СДС и 5 со Пендаровски беа понижување за нацијата и државата.

Пендаровски наместо да се однесува како претседател се однесуваше како курир на Заев, а потоа и на Ковачевски. Па наместо да застапува државни позиции тој носеше поздрави од Заев во Бугарија и го нарекуваше Бојко Борисов „љубави”.

Да го погледнеме видеото.

Токму ова е пример како не треба да се однесува претседателот на Македонија.

Со љубави за Бојко стасавме до вето за Европската Унија од Бугарија. Некако љубовта на Пендаровски невозвратена.

Пендаровски наместо со достоинство и со интегритет да ја застапува државата и да ги гради односите, тој со понизност и несериозност ја руши сликата за земјата.

Од големата „љубов” на Пендаровски со Бојко остана корпата која ја доби од бугарскиот политички врв и бугарскиот диктат.

На Македонија не и треба претседател кој ќе биде понизен пред странските претставници, туку пред народот. Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме.

Можете да прочитате

Каранфилова-Пановска: Ќе бидам верен соработник во креирањето и спроведувањето на новите политики за промени на СДСМ

Обвинителство: Има материјални докази дека Палчо е сторител на двојното убиство

МЖСПП: Советничката Ирена Витина подобро да се информира, пред да изнесува невистини во јавност