Утрински Весник
Македонија

Лефков: Ковачевски и кумот ја основаат Пиксел груп 5 месеци откако СДС прави влада, утре повеќе детали за кумот

(Видео) Ковачевски од Атина: Договоривме непречено снабдување со лигнит, јаглен и мазут

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков соопшти дека премиерот Димитар Ковачевски и неговиот кум ја основале „Пиксел гроуп“ пет месеци откако СДСМ направила Влада.

dobivaj vesti na viber

Тој додаде дека оваа фирма добила: 4 исплати од Фонд за Иновации во вкупна вредност од 4.324.363 ден(70 314€); Државна помош во 8 исплати во вредност од 27.262.082 ден (443 285€).

„ Кумот ја основа КМГ ЕОЛ Квазар. Оваа фирма добива:
– Тендери од ЈКП Комуналец Св.Николе во вредност од 100 000€!
– Тендери од ЈП Пасишта, две набавки од 172.000€ и од 343.000€!
– Општина Ѓорче Петров, тендер од 48.000€!
– Општина Чаир 108.000€
– Тендер од ЕВН над 2.000.000€

„ Три месеци откако Ковачевски е премиер се основа фирма АЕ Солар Хорајзонт во Софија со основачки влог од 15.000 лева. Осум месеци откако е премиер Ковачевски, фирмата основана од него и фирмата од Софија ја основаат АЕ Солар АД Тетово, вредна 54.000.000€. Пиксел има 40%, АЕ Солар Хорајзонт од Софија 60%.

Оваа компанија чека на државна помош која треба да ја исплати премиерот.

Видовме исплати на државни пари за Ковачевски како сопственик на Пиксел, исплати за фирмата кога Ковачевски бил заменик министер, ОГРОМНА исплата од Владата во оставка за фирмата основана од него два дена по станувањето на МАНДАТАР, гледаме огромни суми на тендери за фирмата на кумот додека кумашинот е премиер…
Се ќе се објави и дознае, нема веќе криење, не смее државната помош да завршува во фирми основани и во фирми блиски на ПРЕМИЕРОТ!“ порача Лефков.

Продолжуваме утре!

Можете да прочитате

Мицкоски: Не сум задоволен од испораката на правдата на судството и обвинителството, тоа е слабата страна на нашето општество

Над 216 македонци имаат бугарски пасош

Томас Вајц за БГНЕС: Не знам дали Северна Македонија навистина сака да биде членка на ЕУ, јас сум пријател на Бугарија