Утрински Весник
Македонија

Лефков: Имаме информации дека СДС планира преку Џафери да ја отфрли иницијативата за Референдум

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Антимакедонската СДС подготвува план и тоа исплашени од народот, да ја отфрлат Иницијативата за Референдум, изјави на прес-конференција, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

dobivaj vesti na viber

Според него, социјалдемократите се свесни дека над 60 отсто од Македонците го поддржуваат Референдумот и би излегле да се изјаснат, па затоа подготвуваат сценарио тој воопшто и да не се случи.

„Во таквото сценарио главна улога треба да одигра Талат Џафери, кој само ќе го спроведе даденото од Ковачевски. Власта знае дека огромно мнозинство од народот кој ќе излезе на Референдум ќе гласа за поништување на договорот со Бугарија, и затоа бега. Народот ќе излезе на Референдум затоа што знае дека договорот со Бугарија е коренот на сите негации на македонскиот јазик, историја, идентитет. Референдум мора да има, затоа што тој е највисока форма на демократија. Апелираме до антимакедонската СДС и Ковачевски, да не се дрзне да го помножи народот со нула“, рече Лефков.

Дополнително, како што додаде, ако власта верува дека договорот со Бугарија е добар и тој наоѓа на поддршка кај народот, тогаш зошто се плаши да го стави истиот на Референдум. Или пак признаваат дека лажат и манипулираат целиот овој период, и потпишале договор кој не е согласно волјата на народот.

ВМРО-ДПМНЕ даде уште една понуда до власта, ако е уверена во своите политики, и поддршката кај народот, тогаш со реферндумот да се одржат и предвремени парламентарни и претседателски избори.

„На еден трошок да се организираат тројни избори. За државата да добие власт, која што ќе работи во нејзин интерес“, додаде Лефков.

Можете да прочитате

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен

АМСМ: Блокиран патот Берово-Струмица поради собир, магла кај Ресен