Утрински Весник
Македонија

Лефков: Филипче не се откажува од Заев, ниту корупцијата и политичките унапредувања во судството и обвинителството од него, а констатирани од меѓународните партнери

Lefkov 3.11.jpg
Dik 300x250 mk

Интегрален текст од прес-конферецнија на Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ:

Почитувани,

Филипче не се откажува од Заев, ниту од хибридниот режим во кој беше претворена државата со него.

Според „Економист”, Македонија беше окарактеризирана како хибриден режим и тоа според индексот на „Економист” токму кога Зоран Заев беше премиер. Македонија стана хибриден режим заради криминалот и корупцијата на Заев.

Филипче со неоткажувањето од Заев, не се откажува ниту од негативната слика која тој ја остави за државата во светот.

Заради Заев, Македонците беа рангирани како најнесреќни луѓе во Европа. За Филипче очигледно тоа е добро.

Со неоткажувањето од Заев, Филипче не се откажува ниту од сериозната владина корупција, ниту од политичките унапредувања во судството и обвинителството, за кои пишуваше Стејт Департментот во неговите Извештаи во време на Заев.

Венко Филипче не се откажува од Заев, а со тоа ниту од неговиот криминал, корупција и срамот кој и го приреди на државата кај стигна. Венко Филипче сака да стане нов Заев, затоа не се откажува од него.

Можете да прочитате

Спасовски: Резултатот е катастрофален, но вината не е само кај Филипче

Онкологија со месеци без тумор маркери и основна терапија за пациентите со рак

Безживотно тело на млада девојка најдено во Тетово