Утрински Весник
Македонија

Лефков: ДУИ како Влада поддржа укинување на балансерот, сега само манипулираат со народот

Img 5265.jpeg

Владата на ДУИ и СДС во 2023 година донесе Стратегија за реформи на јавната администрација за период 2023-2030, со која се предвидува укинување на балансерот. Имено ДУИ од позиција на власт немаше ништо против да се укине балансерот, за сега од позиција на опозиција да наоѓа изговори и измислува причини за дестабилизација.

ДУИ не кажа ниту збор кога тие заедно со СДС ја промовираа Стратегијата.

ДУИ беа дел од владата која ја донесе оваа Стратегија, и тогаш немаше ниту прес-конференции ниту критики од нив, напротив тогаш молчеа, зошто и самите знаат дека истото е препорака од Европската Унија.

Имено укинувањето на балансерот е всушност препорака на Европската Комисија, која јасно укажува дека вработувањето врз основа на истиот, може да ги поткопа принципите на заслуги и да влијае на независноста на институциите.

ДУИ сето ова го знае, но се лицемери и сакаат да манипулираат со јавноста. 

ВМРО-ДПМНЕ се согласува со Европската Комисија дека балансерот е злоупотребен, сметаме дека рамноправната застапеносост треба и ќе се реши со закон.

Можете да прочитате

ВРЕДИ: ДУИ 20 години го труеше народот со корупција, сега зборува за воздухот

На пратеникот Сашко Јанчев од Левица му се одземаат возачката и патната исправа – прифатени мерките по сообраќајката

Др. Беќаровски: Потребата од клинички токсиколози и онколози рапидно ќе расте