Утрински Весник
Спорт

Леброн Џејмс нема да се пензионира

Леброн Џејмс нема да се пензионира

НБА ѕвездата Леброн Џејмс ги отфрли навестувањата за пензионирање, велејќи дека не е подготвен да ја заврши спортската кариера бидејќи се уште чувствува голема љубов кон кошарката, пренесува АФП.

dobivaj vesti na viber

„Повеќе не ме интересира колку поени ќе постигнам и што можам, а што не можам на теренот. Вистинското прашање за мене е дали можам да продолжам да играм без повреди. Денот кога нема да можам да дадам се од себе на теренот ќе биде мојот последен како кошаркар. А тој ден се уште не е дојден“, рече Џејмс на доделувањето на наградите „ЕSPY“ на ABC.

Џејмс (38) ја освои наградата „ESPY“ за рекордот што го собори мината сезона, кога се проби на првото место на вечната листа на најдобрите стрелци во најсилната кошаркарска лига во светот, надминувајќи го рекордот на Карим Абдул-Џабар.

Тој додаде дека тренирањето на неговите синови му помогнало да го задржи свежиот поглед кон спортото со кој се занимава повеќе од две децении.

Во август тој го продолжи договорот со Лос Анџелес Лејкерс и ќе ја игра најмалку до сезоната 2024/25.

Можете да прочитате

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари

Михајловски: Среќен сум што донесов медал за Македонија