Поранешниот играч на Челзи, Франк Лебеф е разочаран од ситуацијата во која се наоѓа клубот на „Стемфорд Бриџ“.
Челзи минатата сезона заврши на разочарувачкото 12. место на табелата во Премиер лигата, а не е ништо подобар и на почетокот на новата сезона.
„Да бидеме реални, Челзи стана просечен клуб. Ќе биде тешко да се привлечат играчи, а најдобрите како Мбапе нема да сакаат да дојдат на „Стемфорд Бриџ“. Големите играчи сакаат да играат во Лигата на шампионите и нема да играат во Челзи бидејќи клубот е во слободен пад.
Неверојатно е да се види каков стана Челзи само две години по освојувањето на Лигата на шампионите. Ме се гади од нив. Немам ништо против Тод Боли, но мора брзо да сменат нешто во клубот, во спротивно ќе го убијат Челзи“, разочаран е Френк Лебеф.
Французинот играше за „сините“ од Лондон од 1996 до 2001 година и освои шест трофеи.
По шест кола, Челзи се наоѓа на 14. место во поредокот во Премиер лигата со пет бода.