Утрински Весник
Свет

Ле Пен: Нема да се кандидирам во 2027, но ќе продолжам со борбата

Le Pen.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Француската крајнодесничарска лидерка Марин Ле Пен изјави дека судската одлука со која ѝ се забранува да извршува изборни функции практично ја исклучува од трката за претседателските избори во 2027 година. Таа нагласи дека нема големи надежи дека нејзината жалба ќе биде разгледана пред изборите.

Според неа, забраната е „политичка одлука“.


– Да бидеме искрени, јас бев елиминирана, но вистината е дека елиминирани беа и гласовите на милиони Французи, изјави Ле Пен за францускиот TF1.

Таа додаде дека ќе ги искористи сите правни средства за да ја поништи пресудата, по што би можела да ја разгледа можноста повторно да се кандидира.

Доколку не успее, 29-годишниот лидер на Национален собир, Жордан Бардела, може да биде нејзин кандидат за претседател.

– Жордан Бардела е голем адут за партијата, и тоа го велам одамна, нагласи Ле Пен.

Таа истакна дека одлуката на судот претставува „практика која сме ја сметале за резервирана за авторитарни режими“ и дека милиони Французи се „восхитени“ од нејзината борба против „неправдата“.

Француски суд вчера донесе одлука според која Марин Ле Пен од десничарската француска партија Национален собир е осудена на четири години затвор поради проневера на средства од европски фондови.

Според одлуката, две од вкупно четирите години затвор ќе бидат условна казна. Судот пресуди и дека Ле Пен треба да добие петгодишна забрана за вршење јавна функција и треба да плати парична казна од 100.000 евра. 

Можете да прочитате

Трамп: Нетанјаху понекогаш е тежок, се надевам дека втората фаза од мировниот план за Газа ќе стапи на сила многу брзо

Рускиот претседател потпиша указ за регрутација на 261.000 руски граѓани

Германија има недостиг од 120.000 возачи на камиони