Утрински Весник
Спорт

Лејкерс се пласираа во плејофот на НБА-лигата

20240417081100 Big 730x400 11.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Со победата над Њу Орлеанс пеликанс 110:106 остварена ноќеска во првиот натпревар од плејин турнирот, кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс изборија учество во првото коло на НБА плејофот.

Противник на Лејкерс во серијата прв до четири победи ќе биде актуелниот шампион Денвер нагетс.

Воведниот натпревар од серијата е закажан за в сабота.

Минатата сезона, Нагетс ги исфрли Лејкерс во финалето на Западната конференција.

Њу Орлеанс по поразот Лејкерс ќе има уште една шанса за пласман во разигрувањето за титулата. Ривал на Пеликанс ќе биде Сакраменто кингс кој ноќеска го совлада Голден Стејт вориорс со убедливи 118:94.

Можете да прочитате

Македонските ракометари ги продолжуваат подготовките

Англија и Франција најскапи репрезентации на СП 2026

ФФМ поведува дисциплинска постапка против поранешниот претседател Муамед Сејдини