Утрински Весник
Македонија

ЛДП за Алтернатива: За „Асоцијација на албански општини“ во мултикултурно развиено општество, не треба ни да се помисли, а не пак да се промовира

ЛДП за Алтернатива: За „Асоцијација на албански општини“ во мултикултурно развиено општество, не треба ни да се помисли, а не пак да се промовира
Dik 300x250 mk

Потребни се иницијативи кои ќе ги поттикнат граѓаните на единство и кои ќе стимулираат да зборуваме за квалитет и развој, а не за поделби по било какви основи потенцираат од ЛДП.

dobivaj vesti na viber

Не само што не треба да се спомне, туку не треба ни да се промовира иницијативата за „Асоцијација на албански општини“ во Северна Македонија затоа што тоа е чин кој создава групирања и поделби и се коси со вредностите за либерално-демократско, европско општество кон кое се стремиме, се вели во острата реакција на Либерално-Демократската партија.

– Во време на европски интеграции ваквата иницијатива води кон создавање на нови поделби во општеството, а не кон заедништво. Северна Македонија е мултикултурно општество, во кое освен Албанци, живеат и Турци, Бошњаци, Власи, Срби, Евреи, Роми и останати заедници.

Би сакале да потенцираме дека аспирациите на “големи држави“ одамна се минато и не носат ништо освен партиски поени.

Се додека не зборуваме за квалитет, еднаквост пред законот не може да очекуваме дека ќе живееме во прогресивно, демократско и напредно општество во кое сите се чувствуваат слободни, еднакви и безбедни.

Од партијата повикуваат сите партии од земјава да ја осудат иницијативата на “Алтернатива” и да престанат манипулативните изјави со чувствата на граѓаните, затоа што обидите за етнички тензии земјата ја носат во погрешен правец.

Можете да прочитате

Променливо облачно со сончеви периоди

Автопатот Велес – Градско затворен за сообраќај, возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градско – Дреново

Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството