Утрински Весник
Македонија

ЛДП: Вицепремиере, не е исто членство во ЕУ со членството во Шенген зоната

Prevozniczi.jpg

Соопштение на ЛДП:

Либерално-демократската партија (ЛДП) е изненадена од непознавањето за правилата на Европската унија на заменик премиерот и министер за транспорт, изнесени на вчерашното гостување го Тема на денот по последните случувања со протестите на транспортерите.

Со неговата изјава дека „таргет за влез во ЕУ кој сега е нов е 2030 година. За една земја да стане дел од Шенген-зоната се потребни дополнителни 5 години. Бугарија и Романија дури сега станаа дел од Шенген, што значи дека во најдобар случај девет и пол години од денес ние би биле во Шенген”, што јасно покажува елементарно непознавање на карактеристиките на членството во ЕУ и Шенген зоната.

Да го посоветуваме вицепремиерот – со членство во ЕУ, нема да важи веќе правилото на ограничување за престој 90/180 дена, членство во Шенген подразбира немање на гранична контрола и важно е да се напомене дека една држава може да биде член на Шенген зоната и без да биде член на ЕУ (Швајцарија, Исланд, Лихтенштајн итн.).

Додека вицепремиерот и неговите колеги не ги научат основните разлики помеѓу ЕУ и Шенген зоната, добронамерно им порачуваме прво да одат на курс за ЕУ, па потоа да одат и да се шетаат во Брисел.

Како што стојат работите, Македонија во изминатите денови изгуби милиони евра од блокадите, за на крајот самите превозници од регионот да ја надминат состојбата и наскоро, да го вратат транспортот во нормала.

Можете да прочитате

Мицкоски дел од Самитот на ЕПП: Европа пред економски и безбедносни предизвици

На Гастроентерохепатологија воведени современи методи со кои ќе се замени хирургијата, повеќекратно е зголемен бројот на заболени

Сиљановска-Давкова прими претставници на Државниот завод за ревизија