Утрински Весник
Македонија

ЛДП: Ние сме партија која е најблиску до граѓаните, со поддршка за членство во ЕУ

ЛДП: Ние сме партија која е најблиску до граѓаните, со поддршка за членство во ЕУ

Ние сме партија која е најблиску до индивидуата. Партија од граѓаните за граѓаните, која што од своето создавање до денес ги застапува и штити правата на граѓаните и овозможува слободно изразување на индивидуата во македонското општество, се вели во соопштението на Либерално Демократската Партија кои викендов во Скопје го одржуваат стратешкото планирање на партијата.

dobivaj vesti na viber

„Стратешкиот план на ЛДП е документ кој ќе служи за поставување на основите на работење на партијата и поставување на нејзини цели во претстојниот период. Стратешкото планирање е модерен и демократски начин на проектирање на посакуваната иднина и темелно осмислување на секој чекор кој не води кон утврдената цел, а со овој стратешки план ги воспоставуваме своите цели, политики, но и се поставува Стратегија за интерна комуникација“, додаваат од партијата.

Преку стратешкиот план, ЛДП ги дефинира и временските рамки за остварување на конкретните политики и активности. Воедно претставува и план за функционалноста на општинските организации како и план за промоција на идеите и ставовите кон граѓаните, како и со запознавање на граѓаните со целите и идеологијата на партијата.

Според ЛДП клучно и најважно е дека треба да вложува во натамошниот раст и развој на партијата, следејќи ја својата идеологија и стратешки цели, со цел обезбедување на подобро позиционирање на политичката сцена и транспарентно креирањето политики од и за подобрување на секојдневието на секој граѓанин.

„Од особена важност за државата, но и за партијата како македонска партија со голема меѓународна либерална поддршка е и членството во Европската Унија кое ќе обезбеди подобар општествен и политички живот во Република Северна Македонија“, истакнуваат од ЛДП.

Можете да прочитате

НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Следуваат поројни дождови, грмежи и силен ветер!

Министерот за животна средина отсутен, новинарите го бараа на вонредниот пресс

‘Дали ми е срам? Не’ вели Тошковски за катастрофалните пожари