Утрински Весник
Македонија

ЛДП: Лидерската како машки клуб на моќта: Зајкова како единствена жена-лидерка без покана за присуство

615049088 1439696304830875 897145426920067525 n.jpg

Соопштение на ЛДП:

„Очекуваниот исход од ‘лидерската’ средба е 0% економија и 100% политика. ЕДНА ИЕ има смисла САМО СО ОТВОРЕНИ ЛИСТИ!!! Во спротивно, како и денес, САМО НЕКОЛКУ МАЖИ ќе продолжат да ја дефинираат судбината на Македонија, НАМЕСТО ГРАЃАНИТЕ. Моќта и финансиите ќе останат кај нив, а за народот — трошки. Со отворени листи ќе има поодговорни народни избраници, а со тоа и ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ГРАЃАНИТЕ. “, реагираше претседателката на Либерално-демократската партија, Моника Зајкова на својот Фејсбук профил по однос на денешната лидерска средба која се одржа во Клубот на пратеници.

По најавите за лидерска од ЛДП посочуваат дека истата има смисла, но НЕ ако е таа само за укинување или задржување на техничката влада како изолирана и празна тема, туку заради одговори на клучните прашања кои директно го засегаат животот и стандардот на граѓаните, сепак единствена жена лидер не доби покана да седне на масата на лидерската средба.

Иако Зајкова е дел од Парламентот и е единствената жена-лидер на партија во Македонија, организаторите на лидерската средба одлучија да поканат само претставници на партиите кои имаат пратенички групи во Собранието.

„Лидерските средби не треба да бидат поле за дневно-политички надмудрувања и покажување мускули, туку да понудат решенија и одлуки кои ќе придонесат за подобра иднина на сите граѓани во државата”, истакнуваат од партијата.

Можете да прочитате

Замрзната имиграцијата кон САД од Македонија и уште 74 земји

СДСМ: САД ја суспендираше обработката на визи, ВМРО ја доведе Македонија во периметар со Сомалија

Америка го запира издавањето визи за 75 земји меѓу кои и Македонија