Утрински Весник
Македонија

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Ldp logo.jpg

Либерално-демократската партија го осудува случајот со уривањето на спомен-куќата на Владо Малески во неговата родна Струга. Ова најдобро ја отсликува „грижата” за културното наследство, кое е оставено на милост и немилост од страна на локалните шерифи.

Малески е дел од НОБ, важи за еден од најпознатите македонски творци, воедно е и автор на нашата химна „Денес над Македонија” и е важен дел од македонското современо творештво.


ЛДП од надлежните институции бара брза и ефикасна истрага за тоа која е причината и како дошло до уривање на цел еден ѕид од куќа, кој го издал одобрението за градба и кој ги контролирал работите на терен.

Воедно, бидејќи се работи за сквернавење на заштитен споменик на културата, прогласен за културно наследство, бараме сторителот на делото да сноси и кривична одговорност и да послужи за пример на сите оние кои во иднина ќе помислат да сквернават заштитено културно наследство.

Можете да прочитате

Денес се празнуваат Светите четириесет маченици во Севастија

Променливо облачно време со сончеви периоди

Битиќи: Најавеното намалување на ДДВ на горивата на 10% е неадекватна и задоцнета мерка