Утрински Весник
Македонија

ЛДП: Државниот јавен обвинител да се избира со двотретинско мнозинство во Собранието

Ldp logo.jpg

Соопштение на ЛДП:

Либерално-демократската партија (ЛДП) со жалење констатира дека беа потребни само неколку недели за јавноста да се увери во она за што ние гласно алармиравме: изборот на новиот Државен јавен обвинител не е чекор кон правда, туку обична замена на едно партиско влијание со друго. Оставката на обвинителката Ленче Ристоска е само последната потврда дека системот ги исфрла професионалците за да направи простор за егзекутори на владините политики.


Денешната ситуација немаше да биде ваква доколку се слушнеше предлогот на ЛДП, Државниот јавен обвинител да се избира со двотретинско мнозинство во Собранието. Наместо консензус и професионализам, власта одбра партиски диктат. Не е само разочарувачки, туку е депресивно што нашите конструктивни предлози беа отфрлени само за да може „Белата палата” на ДПМНЕ директно да ги диктира чекорите на обвинителството.

Кога нема правда, нема ни економски напредок.

Ова не е само правно прашање, ова е прашање на опстанок. Наместо надеж за напредок, оваа власт ја погреба вербата во реформите. Последиците се погубни:

Неказнивост на криминалот: Кога обвинителството е усогласено со партиските штабови, криминалот останува неказнет.

Економско страдање: Без правна сигурност нема инвестиции, нема развој, туку само беда и мизерија. А тоа во никој случај не може да значи дека ќе дојде денот кога младите ќе се враќаат, напротив тоа оди кон денот кога уште повеќе млади ќе решат да си заминат.

Најсиромашна држава на континентот: Со вакво судство, Македонија дефинитивно станува најбесперспективната и најсиромашната земја во Европа.

Без правда нема заштита за граѓаните, туку само уште поголема неправда. Без разлика колку соопштенија излегуваат од Владата за наводна работа на „реформската агенда”, ако овој пат на „реформи” продолжи, пораката до граѓаните е јасна: заминете си, бидејќи тука правото е само алатка за моќните.

Уште еднаш апелираме, слушнете ги и поддржете ги нашите предлози! Тие не се за политички поени, туку за подобар стандард, достоинствен живот и еднаква правда за сите. Време е државата да престане да биде партиски плен и конечно да им припадне на граѓаните.

Можете да прочитате

Притвор за струмичанец, при преглед пронајдена дрога

Ќерката на Ивановска ја напушти Македонија и покрај можноста за работа – причината е нефункционалниот систем

Достоинство или интеграција по секоја цена? Или достоинствена интергација! Македонскиот пат кон Европа