Утрински Весник
Македонија

ЛДП демантира дека во партијата има внатрешни конфликти

Screenshot 20241001 203157 Messenger.jpg

Либерално-демократската партија (ЛДП) остро ги демантира тврдењата објавени во медиумите, според кои постои внатрешно незадоволство во партијата поради наводно распуштање на одредени општински организации. Овие информации се целосно неосновани и претставуваат обид за манипулација со јавноста“, соопшти попладнево партијата, наведувајќи дека информациите, според кои дел од општинските организации кои биле распуштени, ја обвинуваат претседателката Зајкова и раководството за самоволие, се дело на „поединци“ кои „шират лажни вести“.

Оние што влегоа во ЛДП со цел да уживаат во бенефитите на власта, а потоа, за да ги зачуваат истите позиции, работеа против одлуките на партијата, сега, по пет месеци молк и криење, објавуваат соопштенија. Ова однесување на поединци е очекувано и предвидливо. Истите тие, кои беа на високи позиции во време кога ЛДП беше дел од власта, немаа никакви забелешки кон актуелното раководство во тој период. Но, интересно е што сега, кога партијата е во опозиција, истите не покажуваат ниту еден ден искуство во опозициското работење. Овие поединци се раководени со далечинско од надвор, и имаат за цел да го нарушат единството на партијата, но тие намери нема да успеат. Партијата потсети дека низ историјата заминале многу поголеми фигури исто така од лични и лукративни интереси, и сите знаат како завршиле.

ЛДП ќе продолжи да опстојува и да напредува, бидејќи е партија водена од идеологија, а не од лични или клиентелистички интереси, велат од ЛДП

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме