Утрински Весник
Македонија

Лажни се пријавите за поставени бомби

Лажни се пријавите за поставени бомби

Лажни се денешните дојави за поставени бомби во училишта во неколку градови во државата.

dobivaj vesti na viber

МВР правеше проверки во 16 училишта во Скопје, две во Куманово и девет во струшко по добиените пораки на електронски адреса со закана за поставена експлозивна направа.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, велат од полицијата.

Можете да прочитате

Син ја претепал мајка си во Скопје – заврши со тешки повреди во болница

Трипуновски: Секој што постапува спротивно на законите и ги злоупотребува институциите за лични интереси мора да одговара 

Трипуновски од Росоман: Земјоделците ги креираат идните политики во земјоделскиот сектор