Утрински Весник
Македонија

Лажни се пријавите за наводно поставени бомби во училишта во Скопје

Лажни се пријавите за наводно поставени бомби во училишта во Скопје

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од 16 училишта во Скопје по добиените пораки на електронски адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

dobivaj vesti na viber

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, информираа од МВР.

 

Можете да прочитате

Пожар во куќа во Кочани, во болница завршија мајка и ќерка

Во мусаката и на чешмите во „Димо Хаџи Димов“ пронајдени бактерии потврди ИЈЗ

Албанци со коњи и знамиња го блокираа сообраќајот во Тетово