Утрински Весник
Македонија

Лажни дојави за бомби во две училишта и Музеј

Policija3.jpg

Во СВР Скопје денеска околу 9 часот било пријавено, дека на електронски адреси во две приватни училишта во Скопје и Музеј, пристигнати се пораки за наводно поставени експлозивни направи во училишта. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека се работи за лажни пријави.

Како што информираат од МВР, од страна на Секторот за компјутерски криминал во содејство со секторот за тероризам, а преку секторот за меѓународна полициска соработка се преземаат мерки, односно се врши истрага во однос на тоа кој е сопственик на електронската пошта, односно од каде се испраќани лажните дојави за бомби.

Можете да прочитате

Пожар на хала во Кавадарци, пожарникарите на терен

СДСМ: Мицкоски во Давос- дипломатска изолација и медиумски мрак за Македонија

На Попова Шапка утрово најстудено -4 степени и снежна покривка од 33 сантиметри