Утрински Весник
Македонија

Лажна дојава за бомба на скопскиот аеродром

Aerodrom Sk.jpg

Денеска (16.08.2025) во 02:41 часот на телефонскиот број 112 е добиена пријава за поставена  бомба во авион кој од “Меѓународниот аеродром Скопје” требаше да полета кон Турција.

Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни активности и извршени се потребните проверки од страна на антитерористичката единица при МВР и утврдено е дека пријавата е лажна односно дека нема никаква експлозивна направа.


Околу 06 часот аеродромот продолжи со редовно работење.

Можете да прочитате

Син ја претепал мајка си во Скопје – заврши со тешки повреди во болница

Трипуновски: Секој што постапува спротивно на законите и ги злоупотребува институциите за лични интереси мора да одговара 

Трипуновски од Росоман: Земјоделците ги креираат идните политики во земјоделскиот сектор