Утрински Весник
Македонија

Лажел во полиција, сега ќе одговара кривично: Кажал дека му исчезнала возачката, а му ја одзеле во странство

Vozacki.webp.webp

Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жител на село Новак, општина Центар Жупа за давање лажна изјава.

-Кривична пријава е поднесена против Н.И.(30) од селото Новак, општина Центар Жупа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Давање лажен исказ“ по член 367 од Кривичниот законик, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи- Охрид


Додаде дека Н.И. на 29 минатиот месец, свесно и со умисла, во управните служби кажал дека ја изгубил возачката дозвола поради што, поднел барање за издавање на нова возачка.

-При преземени мерки, констатирано е дека неговиот исказ бил лажен бидејќи возачката дозвола му била одземена од полициски службеници во една странска земја.

Можете да прочитате

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ со највисок рејтинг, Мицкоски со најголема доверба

ВМРО-ДПМНЕ: СДС по насока на Заев промовира антидржавна политика

Ноќеска започнува летното сметање на времето