Утрински Весник
Спорт

Лазаров: Сакаме да одиме во втората рунда

Mkd czech 22.jpg

Македонската ракометна репрезентација ги стартуваше првите активности на Европското првенство. Дел од ракометарите и стручниот штаб ги минаа првите активности поврзани со новинарите.

–  Го играме првиот натпревар против најдобриот тим на светот во последните десет години – Данска. Тие се домаќини и ќе биде тешко против нив, но ние немаме што да загубиме и мора да уживаме во натпреварот, изјави Лазаров.

За другите два ривала во групата Португалија и Романија селекторот истакна:

–  Во Хернинг секој има свои амбиции и секој ќе сака да победи. Еден од ривалите ни е Португалија, која на последното Светско првенство играше полуфинале, а сега имаше и добри настапи на турнирот на кој се подготвуваше. Истото важи и за Романија, тим со голема традиција, можеби во последно време не се на високо ниво, но тие сè се подобри. Сакаме да одиме во втората рунда. Сите го сакаат тоа. Мора да уживаме. Мислам дека сме подготвени за овој турнир и едвај чекаме да почне првенството, за да видиме каде сме сега со квалитет и добро искуство.

Македонската репрезентација првиот натпревар го игра на 16.јануари (петок) со почеток во 20:30 часот. 

Можете да прочитате

Реал Мадрид го назначи Арбелоа за тренер

Алонсо сам одлучи да го напушти Реал поради себичноста на играчите и отсуството на поддршка од раководството

Алонсо доби отказ во Реал Мадрид