Утрински Весник
Спорт

Лазаров: Победивме и одиме на ЕП 2024, а сега знам кого да повикам во репрезентацијата

Лазаров: Победивме и одиме на ЕП 2024, а сега знам кого да повикам во репрезентацијата

Машката ракометна репрезентација на Македонија со триумф (30:27) над Турција го завери настапот на Европското првенство во Германија следната година. Селекторот Кире Лазаров е задоволен од победата, но потенцира дека многу работи мора да се менуваат во иднина, а сега му е јасно кој во иднина (не) треба биде повикан во репрезентацијата.

dobivaj vesti na viber

„Победивме, но многу потешко од очекувањата. Во овој тим на Турција имаше двајца поквалитетни ракометари за разлика од првиот меч. Сепак, одлика на големите екипи е да се вратат после минус четири и да победат. Но, мислам дека овој натпревар у ми ги отвори очите. Некои работи нема да се толерираат, ќе мора да се менуваме многу во иднина, а јас че знам кого да повикам, или не, во репрезентацијата“, изјави селекторот Кире Лазаров по триумфот над Турција.

Можете да прочитате

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027

Над 1.000 македонски навивачи ќе ја бодрат репрезентацијата во Копенхаген

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила