Утрински Весник
Спорт

Лазаров го објави поширокиот список ракометари за Светско првенство

20241115113140 Big 730x400 38.webp.webp

Македонскиот селектор Кирил Лазаров денеска го објави поширокиот список ракометари за Светското првенство кое во јануари идната година ќе се одржи во Хрватска, Данска и Норвешка.

На списокот на Лазаров се најдоа 35 ракометари, од кои 25 се од актуелниот првак Еурофарм и вицешампионот Алкалоид.

Единствените тројца повикани интернационалци се Мартин Томовски од германски Потсдам, Филип Талевски од Бенфика и Мартин Карапалевски од Ваљадолид.

Македонија на СП 2025 е во група со Холандија, Унгарија и Гвинеја.

Избраниците на Лазаров ќе го отворат Мундијалот на 15 јануари против Унгарија, по што следуваат дуелите со Холандија (17 јануари) и Гвинеја (19 јануари).

За македонската ракометна репрезентација, која натпреварите од групната фаза ќе ги игра во Вараждин, ова ќе биде деветто учество на светските првенства, а седмо едноподруго. 

Можете да прочитате

Попева и Рустемовски најуспешни македонски спортисти за 2025 година

Селекторот на Сенегал суспендиран пет натпревари за инцидентите во финалето на Африканскиот куп

Министерството за спорт додели 500 стипендии „Спортска надеж“