Утрински Весник
Свет

Лавров: Западот се обидува да спречи формирање на мултиполарен свет

Lavrov 360 stepeni.jpg

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, денеска на маргините на Самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС), изјави дека Западот се обидува да спречи формирање на мултиполарен свет и со уцени и санкции се обидува да ја одржи својата доминација.

Тој наведе дека дискусиите и иницијативите изложени на Самитот на ШОС во Тјанџин, Кина покажуваат дека се формира мултиполарен свет.


– Западните земји се обидуваат да го спречат тоа. Тие се обидуваат да ја одржат својата доминација, не со преговори и методи на фер конкуренција, туку со директна уцена, притисок, санкции, наведе Лавров.

Според него постои „колосална“ злоупотреба на улогата на доларот во светската трговија и оти САД на сите им наметнуваат царински војни.

– Општото мислење беше дека сето ова нема никаква врска со обидот да се одбранат легитимните права на Западот во глобалната економија и политика, туку едноставно се користи како алатка за потиснување на конкурентите. Фактот дека конкурентите не само што пораснале, туку веќе се пред историскиот колективен Запад во повеќето аспекти на очиглед на сите, истакна Лавров.

Можете да прочитате

Мадуро: Осум американски бродови со 1.200 ракети и подморница и се закануваат на Венецуела

Моди и Путин го потврдија посебниот однос помеѓу Индија и Русија

Путин: Русија ги поддржува иницијативите на кинескиот лидер за глобално управување