Утрински Весник
Свет

Лавров: Западот ја замени дипломатијата со санкции

Лавров: Западот ја замени дипломатијата со санкции

Западните земји ја заменија дипломатијата со политика на санкции, на што се противи Движењето на неврзаните, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

dobivaj vesti na viber

„Западот живее само со санкции. Всушност, со санкции Западот го замени нешто што порано се нарекуваше дипломатија“, изјави Лавров за ТВ каналот „Ѕвезда“.

Рускиот министер потсети на една од последните иницијативи на Движењето на неврзаните, која укажува на недозволивоста на едностраните санкции во меѓународната пракса.

Можете да прочитате

Зеленски: САД дава сигнали за продолжување на мировните преговори со Русија

Белорусија ослободи 250 политички затвореници

Русија најавува помош за Куба во услови на блокада