Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Лавров: Западните медиуми се обидуваат да ги поттикнат тензиите во Заливот

Русија бара свикување итна седница на Советот за безбедност на ОН за Северен тек
300x250 opst2

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров му рекол на својот ирански колега Хосеин Амир Абдолахиан дека западните медиуми започнале кампања. Како што наведе, кампањата може да предизвика ескалација на тензиите во Заливот, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

dobivaj vesti na viber

Во телефонски разговор со својот ирански колега, Лавров ја коментираше „штетноста на информативната кампања што ја започнаа западните медиуми“, пренесе „Ројтерс“.

Лавров му рекол на својот ирански колега дека таквите акции може да доведат до опасна ескалација на тензиите во стратешки важниот регион.

Претставник на Белата куќа претходно денеска објави дека Вашингтон изразил загриженост поради иранските закани за Саудиска Арабија и му рекол на Техеран дека САД нема да се двоумат да реагираат доколку е потребно.

Изјавата на официјалниот претставник дојде откако „Волстрит журнал“ објави дека Ријад споделил разузнавачки информации со предупредувањето на САД за потенцијален ирански напад врз цели во Саудиска Арабија.

Можете да прочитате

Пронајдено е телото на еден од тројцата хрватски планинари изгубени во Словенечките Алпи: Потрагата е прекината до утре

Околу 1000 луѓе заглавени на падините на Монт Еверест поради снежна бура

Лавина во Словенија, исчезнати се тројца хрватски планинари