Утрински Весник
Свет

Лавров: Во оваа ера, Русија нема на кого да се потпре освен на себе

Лавров: Во оваа ера, Русија нема на кого да се потпре освен на себе

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров изјави дека оваа земја постои долг историски период, иако нема на кого да се потпре освен себе и дека Западот од самиот почеток е фокусиран на нејзиното слабеење и распарчување.

dobivaj vesti na viber

„Како што гледаме, реакцијата на Западот на спроведувањето на специјалната воена операција јасно покажува дека задачите на Западот од самиот почеток биле глобални и насочени кон слабеење и распарчување на нашата земја“ – рече тој, пренесува ТАСС.

Лавров истакна дека Русија е свесна за неспособноста на Западот да преговара и да ги почитува обврските и дека нејзините ветувања дека нема да го прошири НАТО на исток и дека ќе се придржува до принципот на неделива безбедност може да бидат „фрлени во ѓубре“.

„За време на ерата во која живееме сега, мора да бидеме подготвени да сфатиме дека немаме на кого да се потпреме освен нас самите“ – рече Лавров.

Можете да прочитате

Стигна првата реакција на Москва на ултиматумот на Трамп

Трамп ѝ се закани на Русија: Или примирје или нови посилни санкции

Зеленски го смени премиерот и предложи жена на премиерската функција