Утрински Весник
Свет

Лавров тврди дека Украина со дронови ја нападнала резиденцијата на Путин, Киев ги отфрла обвинувањата

Lavrov.webp.webp

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Украина во текот на ноќта извела напад со беспилотни летала врз државната резиденција на рускиот претседател Владимир Путин во регионот Новгород, пренесуваат руските медиуми. Според Лавров, Москва ќе ја преиспита својата преговарачка позиција, имајќи го предвид, како што рече, „конечниот премин на режимот во Киев кон политика на државен тероризам“.

Тој додаде дека целите и времето на руската одмазда веќе се утврдени, но нагласи дека Русија нема да се повлече од учеството во преговорите поврзани со мировниот процес. Лавров посочи дека засега нема информации за жртви или за материјална штета од наводниот напад врз резиденцијата на Путин.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги негираше обвинувањата, оценувајќи ги како невистинити и тврдејќи дека Москва на тој начин создава оправдување за можни напади врз владини објекти во Киев. Засега не е познато дали рускиот претседател се наоѓал во резиденцијата во моментот на наводниот инцидент.

Можете да прочитате

Војната со Иран го чини Израел 2,63 милијарди евра неделно

Русија тестира систем за предупредување во случај на избувнување на Трета светска војна

Муцунски: Иранскиот ракетен напад кон Турција е неприфатлив