Утрински Весник
Свет

Лавров: Со својата доминација САД сакаат да го наметнат крајот на историјата

Лавров: Со својата доминација САД сакаат да го наметнат крајот на историјата

Соединетите Американски Држави се обидуваат да го наметнат крајот на историјата со својата целосна доминација, но текот на историјата и еволуцијата на мултиполарниот свет не може да се запре, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, на работна средба со претставници на водечките масовни медиуми.

dobivaj vesti na viber

Шефот на руската дипломатија се осврна на делата на Френсис Фукујама, американски политиколог и филозоф, кој смета дека концептот на крајот на историјата е поврзан со либералната демократија како конечна форма на владеење за сите народи.

„Ако ги анализирате политиките на администрацијата на Бајден, ќе видите дека тоа е токму она што тие го сакаат. Сепак, текот на историјата не може да се запре бидејќи историјата нема и никогаш нема да има крај. Човештвото повеќепати отишло преку обидите на една сила да потчини сè и да им диктира сè на сите“, нагласи Лавров, пренесува ТАСС.

Можете да прочитате

Најголемиот електричен авион ќе полета следната година

Израелската армија објави дека цел на напад бил јужен Либан

Ужас во Австралија: Воспитувач силувал 60 девојчиња, бакнувал и бебиња – Осуден е на доживотен затвор