Утрински Весник
Свет

Лавров: САД го уништуваат светот

Lavrov.webp.webp

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, денеска изјави дека САД го „растураат“ светот со своите постапки кон Венецуела и Иран.

Лавров истакна дека САД го фрагментираат меѓународниот систем преземајќи, како што рече, нелегална операција за соборување на венецуелскиот лидер Николас Мадуро и заканувајќи му се на Иран со напад.

„Зборуваме за грубо кршење на меѓународното право“, рече Лавров за американската операција за апсење на Мадуро. Тој додаде дека Русија останува посветена на своите договори со Венецуела, сојузникот на Русија.

Лавров посочи дека САД му штетат на сопствениот имиџ со напуштање на принципите што ги промовираа толку долго. 

„Нашите американски колеги изгледаат несигурно кога дејствуваат на таков начин“, рече Лавров на прес-конференција со својот намибиски колега во Москва.

Запрашан за извештајот на Блумберг дека претставниците на Белата куќа, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, сакаат да ја посетат Москва за да се сретнат со рускиот претседател Владимир Путин, Лавров рече дека Путин постојано изјавува дека е отворен за сериозни мировни разговори во Украина.

„Би било корисно доколку Вашингтон ја информираше Москва за најновите мировни предлози за Украина“, рече Лавров.

Можете да прочитате

Макрон: Доколку суверенитетот на сојузниците биде загрозен, последиците би биле без преседан

Русија уапси лекари поради смртта на девет бебиња во породилиште

Трамп покажал среден прст на работник за време на обиколка во Мичиген