Утрински Весник
Свет

Лавров: Русија бара траен мировен договор што ќе ја гарантира нејзината безбедност

Lavrov.webp.webp

Русија нема интерес за привремено примирје што ќе ја замрзне војната во Украина, туку инсистира на правно обврзувачки мировен договор што ќе ја гарантира нејзината безбедност и безбедноста на нејзините соседи, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

– Примирјето е пат за никаде, оцени Лавров, додавајќи дека Москва верува дека Западот би го искористил за повторно вооружување на Украина.


Тој додаде дека Москва сака правните документи да бидат составени на таков начин што ќе се обезбеди „неможноста да се прекршат овие договори.

Лавров рече дека новиот сириски лидер ги нарекол односите со Русија „долготрајни“ и „стратешки“ и дека Москва ја споделува таа оценка.

Во понеделникот советникот за надворешна политика на Кремљ, Јуриј Ушаков, изјави дека Русија одржува контакти со новата влада во Сирија, и на дипломатско и на воено ниво.

Лавров, исто така, рече дека Украина повеќепати напаѓала цивилни цели во Русија користејќи западни ракети и беспилотни летала.

Москва ќе одговори на овие акции, најави рускиот министер за надворешни работи. Според него, Русија напаѓа само воени објекти и инфраструктура и „не е во нашите норми да напаѓаме цивилни цели“.

Според Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права, oд почетокот на целосната инвазија на Руската Федерација на Украина во февруари 2022 година до октомври годинава биле убиени 11,973 цивили, вклучувајќи 622 деца.

Можете да прочитате

Околу 18.000 Сиријци се вратиле дома од Јордан, по падот на Асад

Во Украина пристигаат германски тенкови „Леопард“

Банкротираше компанијата што ги произведува амблемите на Мерцедес