Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека НАТО претставува сериозна закана за таа земја и дека западната политика ризикува „директен конфликт меѓу две нуклеарни сили со катастрофални последици“.
Како што јави „Ројтерс“, Лавров изјавил и дека жали што САД ги отфрлиле разговорите со Москва за „стратешка стабилност“.
„Без директни разговори меѓу двете најголеми нуклеарни сили во светот, ризикот за глобалната безбедност само ќе расте. Политиката на НАТО ризикува директен конфликт“, рече Лавров, пренесуваат медиумите.