Утрински Весник
Свет

Лавров: НАТО отиде предалеку

Лавров: НАТО отиде предалеку

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го критикуваше НАТО за време на говорот на состанокот на партискиот комитет „Единствена Русија“.

dobivaj vesti na viber

„Францускиот претседател Емануел Макрон еднаш рече дека има ‘мозочна смрт’ во НАТО. Таквото НАТО отиде предалеку. Тие го негуваат киевскиот неонацистички режим“, рече Лавров, пренесе руската прорежимска новинска агенција ТАСС.

„Како што знаете, вчера на иницијатива на претседателот Макрон беше свикан самит на таканаречената Европска политичка заедница, а по средбата шефот на дипломатијата на ЕУ, Џозеф Борел, гордо изјави дека безбедносната структура е развиена без мешање на Русија. Затоа, тие се задржаа на линијата на Киев, поттикнувајќи ги лудите фантазии на оние кои сè уште имаат моќ таму“, рече рускиот министер за дипломатија, пренесе Индекс.хр.

Можете да прочитате

Британија лансираше монети во чест на бендот „Ајрон Мејден“

Трамп: Царините ќе важат од 1 август, продолжување нема

Макрон: Европа никогаш нема да ја напушти Украина