Утрински Весник
Свет

Лавров: Мировната формула на Зеленски е ултиматум на Западот до Москва

1706697047 Unnamed File.webp.webp

На целиот свет му е јасно дека „мировната формула на украинскиот претседател“ наметната од Западот претставува ултиматум до Русија, рече министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.

„Соединетите Американски Држави и нивните сојузници ѝ ја наметнуваат познатата ‘формула Зеленски’ на меѓународната заедница и се обидуваат да ја претстават истата формула како единствен начин за решавање на конфликтот“, рече шефот на руската дипломатија на првиот состанок на претставниците на членовите на БРИКС во рамки на руското претседателство со организацијата.

„На сите им е очигледно дека овој метод не е ништо друго освен ултиматум кон Русија, кој едноставно е невозможно да се исполни и и не е на чест на оние кои се обидуваат да се претстават како надворешнополитички функционери и ефикасни менаџери“, додаде тој.

Лавров рече дека иницијативите на Бразил и Јужноафриканската Република за решавање на украинскиот конфликт на западните земји не се ни разгледуваат на состаноците за таканаречената „Мировна формула Зеленски“.

Киевската „мировна формула“ повикува на обновување на територијалниот интегритет на Украина, обезбедување евроатлански безбедносни гаранции и создавање специјален трибунал за истрага на воените злосторства што и се припишуваат на Русија.

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме