Утрински Весник
Свет

Лавров доцнеше час и половина на седницата на ОН, одржа говор и веднаш замина

Лавров доцнеше час и половина на седницата на ОН, одржа говор и веднаш замина
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров доцнеше час и половина на седницата на Советот за безбедност на ОН. Потоа во својот говор, меѓудругото, рече дека Украина станала тоталитарна држава, слична на нацистите.

dobivaj vesti na viber

Како што јави „Си-Ен-Ен“, Лавров рече дека има обид да се наметне идејата за руска агресија како извор на сите трагедии, а зборуваше и за историската поврзаност меѓу Украина и Русија.

Тој исто така рече дека е загрижен за судбината на руските војници заробени во Украина и дека не верува во работата на Меѓународниот кривичен суд.

Лавров ја напушти седницата на ОН веднаш штом го заврши својот говор. Потоа збор зеде британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли, кој коментираше:

„Лавров не сака да ја слушне колективната осуда на овој Совет“.

Можете да прочитате

Захарова: Може да се забележи бавен, но постојан напредок во преговорите со САД

Руската пошта ја прекинува копнената достава до балтичките држави, Словенија и Хрватска

Израел ќе потроши 110 милијарди долари за оружје во следната деценија, наведуваат израелските медиуми