Утрински Весник
Свет

Лавров: Авионите „ф-16“ ги сметаме за нуклеарна закана

Лавров: Авионите „ф-16“ ги сметаме за нуклеарна закана

Воените авиони „ф-16“, испорачани на Украина, Москва ќе ги смета за нуклеарна закана, предупреди рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, во интервјуто објавено денеска. Самиот факт што украинските вооружени сили имаат такви системи ќе се смета за закана за Западот во нуклеарна смисла“, рече Лавров во интервју за онлајн-весникот „Лента.ру“, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

dobivaj vesti na viber

„Русија не може да ја игнорира способноста на овие авиони да носат нуклеарни бојни глави“, рече тој уверувајќи дека Москва ги предупредила САД, Велика Британија и Франција за тоа.

„САД и нивните сателити во НАТО создаваат ризици од директен вооружен конфликт со Русија, а тоа може да има катастрофални последици“, предупреди тој.

Во мај САД одобрија испорака на авиони „ф-16“ на Киев. Датумот на испорака и нивниот број сè уште не се утврдени. Украина во вторникот соопшти дека ќе биде формирана коалиција од 11 земји, кои ќе ги обучуваат нејзините пилоти за авионите.

Руската нуклеарна доктрина предвидува строго одбранбена употреба на атомско оружје во случај на напад врз Русија со оружје за масовно уништување или напад со конвенционално оружје што го загрозува самиот опстанок на државата.

Можете да прочитате

ЕУ: Украина мора да има право сама да одлучува за својата иднина

Сијарто: Унгарија ја поддржува средбата Трамп-Путин, ЕУ се обидува да ја саботира

Суспендиран пилот на „Изи џет“, шетал во хотел пијан и гол, а следниот ден имал лет