Утрински Весник
Свет

Лавров: Америка ги помина сите граници

Лавров: Америка ги помина сите граници

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека САД ги надминале границите на пристојноста во напорите да ја „обезбедат својата хегемонија“.

dobivaj vesti na viber

– Од таа земја (САД) можете да очекувате се. Тие веќе ги поминаа сите граници: дипломатски, етички и сите други, во желбата да си ја обезбедат хегемонијата. Тоа нема да им успее – изјави Лавров за ТВ Русија 1.

На прашањето како Кина се чувствува поради таквиот притисок од Америка, Лавров рече дека кинеската страна ја отсликува традицијата на голема цивилизација стара повеќе од 1.000 години.

Според него, во текот на многу години кинеската страна развила свој стил на односи со Русите, што е прифатливо за нив.

-Ова вклучува достоинство, длабока анализа на се што се случува и избегнување на какви било избрзани потези.

Сепак, кинеската страна, секако, носи заклучоци и тоа најдлабоки – нагласи Лавров,пренесе Аваз.ба.

Можете да прочитате

Колумбија заплени рекордни 225 тони кокаин

Борел: Не можеме да го поткопуваме Меѓународниот кривичен суд

Русија врати седум украински деца со посредство на Катар