Утрински Весник
Македонија

Ласовска: ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува интерпелацијата на Илире Даути од ДУИ бидејќи не го почитува Деловникот

Blagicza Lasovska 10.01.2025.png

Интегрален текст од соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

Најпрво да го истакнам ставот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Имено ние даваме поддршка на оваа интерпелација и ќе гласаме за интерпелацијата на колешката Илире Даути, истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласовска на денешната собраниска седница.


Ласовска истакна дека интерпелацијата за Илире Даути е поради проблематичното работење кое го кочи работењето на комисијата.

„Во самото образложение на интерпелацијата се вели дека Илире Даути сосема неделовнички, противуставно, своеволно, тенденциозно, па јас би рекла и проблематично го кочи работењето на оваа комисија”, посочи Ласовска.

Ласовска продолжи и додаде:

„Морам да дадам коментар по однос на излегувањето на СДС и овој парадокс што се случи денеска. Имено вчера се оградија од досегашниот партнер во владата, СДСМ се оградува од ДУИ и вели дека тие се најкорумпираната политичка партија во Македонија, а денеска излегуваат и не сакаат да учествуваат во работата на Собранието и не сакаат да дадат поддршка за интерпелацијата на Илире Даути. А, истовремено пак замислете кој е тој парадокс, законот заради кој Илире Даути заслужено добива интерпелација е поднесен од нив сега откако 7 години беа на власт и не поднесоа закон. Само што паднаа од власт поднесоа вакво законско решение”, истакна Ласовска.

Можете да прочитате

Старите лични карти без „Северна“ ќе важат и за патување во земјите со кои Македонија има билатерални договори

Помина интерпелацијата за Даути во Собранието

“МЕТЕОАЛАРМ” СЕРИОЗНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СНЕЖНО НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Од викендов обилни врнежи од снег насекаде низ Македонија!