Утрински Весник
Македонија

Ласовска:Ковачевски да одговори дали е точно дека хакерите бараат откуп за да се врати системот на ФЗОМ?

Ласовска:Ковачевски да одговори дали е точно дека хакерите бараат откуп за да се врати системот на ФЗОМ?

Дебатираме за разрешување на министер за информатичко општество, Алити, тешко го читам зошто не го познавам. Толку се потрудил за една да направи нешто за Република Македонија и не можам да го бранам зошто не знам каков министер бил. Очигледно она кое го знаеме како граѓани дека незаконски постапи во таканаречениот балансер за кој што искрено не знам согласно кој закон. Договор постои, незаконски постапи и наместо 20% реши 31.5 да има вработувања на Албанците во Македонија. Сега ќе видите има огласи во источниот регион од Министерство за земјоделие каде што исклучиво се бараат Албанци и дали е тоа фер?, запраша Благица Ласовска, пратеничка на денешната собраниска седница.

dobivaj vesti na viber

Ласовска во текот на своето обраќање во врска со ова побара од премиерот Димитар Ковачевски да одговори дали е можно еден министер самостојно да носи одлуки без да се консултира со владата?

-Премиерот во неговото објаснување не кажа зошто го разрешува овој човек, знам дека не одговара на сите прашања поставени од наша страна, еве на јавноста нека и каже дали се согласува со оваа одлука бидејќи во јавноста дознавме став само од Симовски, а не и на премиерот. Дали е можно еден министер самостојно да носи одлуки без да се консултира со владата?, праша Ласовска.

Таа исто така посочи дека во државата единствен услов за вработување е етничката припадност, а не квалификациите.

-Единствен услов не е квалификација туку етникум, без разлика дали се Македонци, Албанци, Турци, Власи. Тоа е единствен услов за жал и тоа не не води кон европските вредност, рече Ласовска.

Пратеничката Ласовска се осврна и на безбедноста во државата односно на хакерскиот напад врз ФЗОМ и укажа дека премиерот Ковачевски треба да даде одговор на македонската јавност дали е точно дека хакерите барале откуп за да го вратат системот.

-Овој министер исто така треба да се занимава со сајбер безбедноста, а сведоци сме какви хакерски напади и каква небезбедност има во државата. Најголемата лага која што се искажа од оваа говорница е да кажете дека здравствените работните не добивале плата заради ВМРО-ДПМНЕ, за се ви е криво ВМРО-ДПМНЕ, да кажете дали тој министер и оваа влада бидејќи нели сме членка на НАТО, соработуваат со членките на НАТО да се решат овие проблеми. Јас сум сериозно загрижена и сите граѓани бидејќи секојдневно имаме дојави за бомби, сите се исплашени. ФЗО има хакерски напад и конечно претседателот на владата треба да одговори дали хакерскиот напад и хакерите кои што нападнале бараат откуп да го вратат, сериозни пари. Тоа премиере треба да биде одговорено на македонската јавноста, додаде Ласовска.

Можете да прочитате

Почна судењето против Вангелица Илијевска, обвинета за убиство на сопругот и свекорот во Кратово

Рокас: Очекувам овој пат и ЕУ да може да испорачува резултати со забрзана динамика

Димитријевиќ: СДСМ ќе покаже нова енергија и нова визија во креирањето на политиките