Утрински Весник
Спорт

Ласо ќе биде новиот тренер на Баерн

Ласо ќе биде новиот тренер на Баерн

Шпанскиот тренер Пабло Ласо, по пауза од една година, повторно ќе и се врати на тренерската работа.

dobivaj vesti na viber

Ласо, минатото лето го напушти Реал Мадрид, бидејќи спортскиот сектор не сакаше да ја продолжи соработката поради проблемите со срцето што ги имаше двократниот освојувач на Евролигата, во самиот финиш на сезоната.

Тогаш, неговиот прв помошник Чус Матео го презеде тимот и успеа да освои шампионската титула во домашното првенство.

Ласо веднаш потоа објави дека нема здравствени проблеми и дека е подготвен да се врати на работното место, меѓутоа клупските челници ја одбија таа опација и го промовираа Матео во шеф на стручниот штаб.

Тренерот во изминатиов период беше поврзуван со голем број клубови, на крајот се договори со Баерн Минхен.

Специјализираните кошаркарски портали пишуваат дека соработката е договорена, Ласо ќе потпише три годишен договор и ќе добие сериозен буџет.

На клупата ќе го замени Андреа Тринчиери, кој исто така три години го водеше клубот од Баварска

Оваа сезона Баерн не успеа да се пласира во плеј-офот од Евролигата, како што беше случај во претходните две сезони, но најголемата замерка на Тринкиери е што во изминатите две години ја губеше домашната титула од Алба. Тој ќе има шанса во својата проштална сезона да ја врати титулата во Минхен.

Можете да прочитате

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ

Анчелоти стана рекордер во Лигата на шампионите