Утрински Весник
Македонија

Лашкоска: Не увезуваме отпад, ниту ќе увезуваме во иднина

20251118133246 big 730x400 81.webp.webp

Македонија не увезува отпад, ниту ќе увезува во иднина, тврди заменик-министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска која денеска од собраниската говорница одговори на пратеничко прашање поставено од пратеникот Репеџ Исмаил од „Левица“. Во одговорот, Лашкоска ги отфрли информациите што се пласираат во јавноста, посочувајќи дека не се увезува отпад. 

– Во однос на маслото за јадење, станува збор за увоз за извоз, односно го увезува фирма која го препакува и го извезува во Австрија. За хартијата е исто. Кога станува збор за металите, не станува збор за штетни метали, рече Лашкоска.

Пратеникот Исмаил побара одговор од Министерството за животна средина и просторно планирање дали државата аплицирала да увезува отпад од Европската унија и кои се капацитетите кои ќе го преработуваат тој отпад.

Можете да прочитате

Кавадарчанка реновирала дома и во подрумот пронашла 55 неексплодирани детонатори

Дигиталното насилство се шири со алармантна брзина

Најмногу дожд на Попова Шапка, најмалку во Штип