Утрински Весник
Спорт

Лапорта: Барса никогаш не „купувала“ судии

Лапорта: Барса никогаш не „купувала“ судии

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта повторно ги отфрли обвинувањата дека каталонскиот клуб се обидувал да „купи“ влијание кај судиите по случајот „Негреира“, во кој беше откриено дека со години исплаќал милионски суми на компанијата на Енрикез Негреира, поранешниот потпретседател на судиската комисија во шпанскиот фудбал.

dobivaj vesti na viber

Барселона инсистира дека се работело за „вообичаени“ фудбалски услуги и дека добивале совети за однесувањето на нивните фудбалери кон судиите, и Лапорта во интервју за „Ел Мундо депортиво“ инсистира дека се работи за хајка против клубот.

„Веќе подготвивме прес-конференција за ова тема, но сега ќе разјаснам и тука. Да бидеме на чисто – Барселона никогаш не купувала судии, ниту имала намера да купува судии. Фактите го покажуваат тоа и покрај обидите да се смени приказната. Но, ќе повторам, ништо од овие напади не изгледа случајно. Има камапања да се нарушат интересите на Барселона, кампања за преземање на контрола на клубот. Ла лига не може да прифати што го одбивме нивниот комерцијален договор со ‘ЦВЦ’. Сакаат да не исплашат со финансиски казни и да станеме акционерско друштво за да ја преземат контролата“, обвинува Лапорта.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина