Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Лампард: Не знаевме дека Реал Мадрид е толку силен

Лампард: Не знаевме дека Реал Мадрид е толку силен
300x250 opst2

Фудбалерите на Челси загубија од Реал Мадрид со 2:0 во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Тимот на Франк Лампард немаше апсолутно никакви шанси против европскиот шампион, но менаџерот на Челзи и понатаму верува во позитивен расплет.

dobivaj vesti na viber

„Не знаевме дека Реал Мадрид е толку силен. Резултатот е реален, но им кажав на моите играчи дека чудо може да се случи на „Стемфорд бриџ“. Реал има одличен тим, но мораме да веруваме во себе. Јас сум првиот кој не смее да се предаде и морам да имам верба во мојот тим“, изјави Лампард.

Тој се осврна и на слабата игра на неговите играчи во нападот и сериозниот пад на самодовербата пред голот на противникот.

„Често го добивам тоа прашање. Мислам дека треба да работиме повеќе и навистина играме многу во последната третина од теренот на тренинзите, но неопходна е и самодоверба кај играчите. Ќе продолжам да разговарам со моите играчи, бидејќи знам дека нема фудбалер кој не сака да не дава голови“, нагласи Лампард.

Реваншот е закажан за вторник во Лондон.

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН