Европската централна банка (ЕЦБ) најверојатно ќе ги намали референтните каматни стапки во текот на летото, изјави претседателката на ЕЦБ Кристин Лагард во интервју за ТВ Блумберг во Давос.
Кристин Лагард истакна дека конечната одлука за каматните стапки ќе зависи од податоците што ќе пристигнат и дека се уште постои одредено ниво на неизвесност бидејќи некои показатели се уште не се „цврсто закотвени“ на посакуваното ниво.
Таа додаде дека пазарите не треба да бидат премногу оптимисти во врска со намалувањето на каматните стапки, бидејќи тоа ќе биде спротивен резултат на напорите на Европската централна банка да ја потисне инфлацијата.
„Најголемиот економски ризик би било сценарио во кое Европската централна банка предвреме ги намалува каматните стапки и потоа мора повторно да ги зголеми, што би ги уништило сите напори“, заклучи Лагард.