Утрински Весник
Македонија

Ладен воздух од североисток ни носи силен ветер и температури до -10 степени

Meteoalarm.mk 3.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Викендов како и за самиот почеток од следната недела територијата на Македонија ќе биде под влијание на ладен воздух кој ќе ни продре од североисток и токму ова ќе предизвика да имаме многу ветровито време кое многу позитивно ќе влијае врз загадувањето во Македонија, односно значително ќе го прочисти воздухот во котлините низ Македонија.

Ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец кој повремено и локално ќе достигнува брзина од над 60/70 км/час. Времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност.

Викендов наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -8 до 1 степен а преку ден температурите ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 9 степени. Уште поладно утро со температури кои насекаде во Македонија ќе се спуштаат под нулата ќе имаме во понеделник 29 декември и тоа утро температурите во Македонија ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -1 степен а на високите планински места температурите има услови да се спуштат  и под -10 степени.

Поради очекуваното многу ладно време особено во утринските  и во ноќните часови апелирам топлата облека задолжително да биде покрај вас и доколку излегувате заштитувајте се поради очекуваното ладно време, однсоно со себе задолжително понесувајте си капи, шалови и нараквици

Можете да прочитате

Во вторник уште еден лет за евакуација на македонски граѓани од Блискиот Исток

Грозданов: Благодариме за секој живот што успеавте да го вратите од работ на бездната, Кочани ви благодари

Возач тешко повреден откако со „Фиат“ излетал кај ГП Дојран