Утрински Весник
Македонија

Ладен бран на Балканот и во Македонија: Температурата ќе се спушти за 15 степени

Dozd Prolet.jpg

Ланиот бран од северозапад пристигна до централен Балкан, и во следните часови ќе започне полека да ја зафаќа и нашата Република Македонија. Сето ова ќе биде проследено со повремен локален дожд во западните и во северните предели од нашата Македонија и со силен ветер, во западните предели од западен и од југозападен правец, а во северните предели од северен правец (повремено и локално со брзина до околу 60/70 км/час).

Вечерва температурите нагло ќе се спуштат, и за околу 15 степени во споредба од оние температури кои ги имавме до вчера (вторник 8 јули). Најсвежо преку ден ќе биде утре (четврток 10 јули) кога максималните дневни температури кај нас ќе се искачуваат во интервалот само од 23 до 31 степен во Повардарието, односно во најтоплите предели од нашата Македонија.


Веќе следните утрини ќе бидат и многу посвежи со температури кои на многу места ќе се спуштаат до, па дури и под 10 степени, а во Беровско и во останатите повисоки места и планини тие ќе се спуштаат дури и до околу 5 степени, што значи дека наутро ќе ни биде потреба и нешто потопла облека.

Инаку, во следните часови снег се очекува и на високите планини од централен Балкан, односно особено на високите планини во Босна и Херцеговина.

Можете да прочитате

Голем пожар во Крива Паланка – Градоначалникот бара итна државна помош

ЗНМ: Остра осуда за нападот врз новинарска екипа на АЛСАТ М во Визбегово

За труењето на 38 работници во прилепска фабрика Центарот за јавно здравје дознал по шест дена