
Метео анализа на Славчо Попоски:
Територијата на Македонија во деновите кои што ни следуваат ќе биде под влијание на ладен воздушен бран кој ќе продре од истокот и од североистокот на Европскиот Континент. Во ваква ситуација ќе имаме ладно време со појава на утрински минуси и појава на мразеви. Викендов ќе имаме зголемена облачност со локални слаби врнежи кои во пониските места (градовите ) ќе бидат од дожд и од снег а на повисоките населени места и на планините врнежите ќе бидат само од снег. Но, како што кажав станува збор за слаби и локални врнежи па така некоја позначителна снежна покривка викендов во Македонија нема да има.
За Богојавление Водици на 19 Јануари (Понеделник) услови за слабо провејување на снег ќе има во јужните предели од Македонија а наутро температурите на овој празничен ден ќе се спуштаат во интервалот од -10 до 0 степени. Преку денот пак температурите кај нас ќе се искачуваат во интервалот од -2 до 6 степени. Во Скопје и околината на 19 Јануари за Богојавление Водици наутро температурата ќе се спушти до околу -4 степени а преку денот таа ќе се искачи до околу 3/4 степени.
За време на овој период ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од североисточен правец.
Под влијание на нов влажен бран од Медитеранот нови врнежи овој пат претежно од снег ќе имаме во Среда на 21 Јануари.Сепак детална и по потреба обновена метео анализа околу овој влажен бран следува во следните мои метео објави.

