Утрински Весник
Македонија

Ладен бран, дожд, снег, северен ветер и зголемување на снежната покривка следуваат во Македонија

850temp 20241214 00 051.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Од денес (сабота) попладне, до утрешната ноќ, кон понеделник под влијание на влажна и ладна воздушна маса од север, во Македонија ќе има нови врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните предели (над 20 литри воден талог на метар квадратен), На планините, а утре (недела) и на повисоките места особено во западните  и во северните предели со надморска височина до околу, па  и под 1000 метри ќе има и повремен снег.


На планините постојната снежна покривка ќе се зголеми. Денес (сабота) повремено ќе засилува ветер од југоисточен правец, а утре (недела) од попладневните часови повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 10 степени, а наутро пак ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 6 степени.

Во Скопскиот регион исто така ќе има повремени врнежи од дожд, а утре (недела) на околните планини ќе има повремен снег, а накратко, услови за слабо провејување на снег ќе има  и во повисоките предели од котлината. Денес (сабота) ќе засилува ветер од југоисточен правец, додека утре (недела) попладне и навечер повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.

Во Скопскиот регион овој викенд температурата наутро ќе се спушта до околу 3 степени, а максималната ќе се искачува во интервалот помеѓу 7 и 9 степени, меѓутоа утре (недела) попладне  и навечер дополнително ќе опадне.

Можете да прочитате

ДУИ: Владата без одложување да почне непристрасен и сеопфатен ветинг

ПП Левица: Уставен суд не отвори предмет за преименувањето на улиците по балисти

Во Берово најстудено, најтопло во Претор и Гевгелија