Утрински Весник
Спорт

Лацио доживотно суспендираше тројца навивачи

Лацио доживотно суспендираше тројца навивачи

Фудбалскиот клуб Лацио доживотно им забрани на тројца навивачи да доаѓаат на стадионот поради дискриминација и антисемитизам за време на неодамна одиграното римско дерби. Лацио ја порази Рома со 1:0 и се искачи на второто место во Серија А.

dobivaj vesti na viber

Првиот од тројцата навивачи, клубот го идентификувал со помош на надзорните камери. Тој на дресот го носеше натписот „Хитлерсон 88“, број што го користат неонацистичките движења како метафора за поздравот „Хајл Хитлер“.

Полицијата потврди дека се работи за Германец кој направил инцидент и на дербито во 2009 година.

Останатите двајца навивачи се казнети поради нацистички поздрави, а полицијата објави дека тие се државјани на Романија.

Дисциплинската комисија на Серија А ќе одлучува за казните поврзани со наводите за антисемитски скандирања од навивачите.

Италијанската фудбалска федерација веќе покрена истрага против Лацио поради наводите дека навивачите скандирале антисемитски пароли за време на натпреварот против Наполи на 3 март.

 

Можете да прочитате

Македонската репрезентација вечер ќе ги дознае ривалите во Лигата на Нации

ЗОИ 2026: ИОК го дисквалификува Украинецот Гераскевич поради носење нелегална кацига

Влезниците за воведувањето на Федерер во тениската „Сала на славните“ распродадени за две минути